background image

Прво „големо“ финале за Раониќ

Канадскиот тенисер Милош Раониќ обезбеди место во финалето на Вимблдон, откако попладнево по голема борба го совлада Роџер Федерер.



Раониќ денеска победи со 3:2 во сетови, во натпревар во кој се чинеше дека е готов да го загуби. Во четвртиот сет Швајцарецот рутинирано ја придвижуваше играта кон уште еден таи-брејк, но наеднаш ја загуби силата и му дозволи на противникот да добие гејм на негов сервис, иако тој претходно имаше водство од 40:0. До крајот на мечот видовме убедлива игра на Канаѓанецот, кој во петиот сет мошне рано дојде до брејк предност.

Ова е прв пласман во финалето за Раониќ на еден Грен Слем турнир и прва шанса за тенисерот роден во Подгорица, да се впише во историјата на овој спорт.

Неговиот противник ќе биде познат по крајот на вториот 1/2 финалем меч, во кој се среќаваат Енди Мареј и Томаш Бердих.

08-јул-2016 17:48