background image

Федерер го преживеа дуелот со Чилиќ

Роџер Федерер мораше да спасува негатива од 2:0 во сетови, во 1/4 финалниот дуел на Вимблдон, во натпреварот против Марин Чилиќ.



На крајот Швајцарецот го доби Хрватот со 3:2, но претходно мораше да спасува две меч топки на противникот и по голема борба да дојде до 1/2 финалето на британскиот Грен Слем.

По елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, Федерер исплива во првиот ред на фаворити за освојување на турнирот, но и покрај тоа на него не му оди така лесно.

Во наредното коло тој ќе игра против Канаѓанецот Милош Раониќ, кој денеска со 3:1 го совлада Сем Квери од САД.

06-јул-2016 17:37