background image

Квери го шокира Ѓоковиќ!

Американецот Сем Квери и стави крај на серијата од 30 Грен слем победи во низа на Новак Ѓоковиќ, откако во 3. коло на Вимблдон го порази со 7:6, 6:1, 3:6, 7:6.



Дуелот заради дожд и мрак беше прекинат по два сета, а Ѓоковиќ денес не успеа да направи голем пресврт, па Вимблдон ќе добие нов шампион по две години.

И денес мечот на два пати беше прекинуван заради дожд, Новак успеа да го добие третиот сет, сервираше во четвртиот за 2:2, но претрпи брејк во 10 гем и на крајот загуби.
 
Квери во осминафиналето ќе игра против Французинот Николас Маху.
 

02-јул-2016 18:15