background image

Сигурен старт на Ѓоковиќ

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на титулата на Вимблдон.



Ѓоковиќ во првото коло славеше над Британецот Џејмс Вард со максимални 3-0 (6-0, 7-6, 6-4).

Новак оствари рутинска победа, во првиот сет не му дозволи на противникот да освои гем, додека во вториот сет играше со осцилации и го доби во тај брејк.

Третиот дел од играта беше чиста формалност, Новак на стартот му го одзеде сервисот на противникот и на крај рутински ја сочува предноста.

Србинот погоди седум аса, имаше 29 винери и 21 неизнудена грешка. Во второто коло ќе се сретне со Адријан Манарино, кој во три сета го елиминира Кајл Едмунд.

27-јун-2016 16:53