background image

Повторно Ноле или можеби Енди?

Дојдовме до 130. издание на бритнаскиот Грен Слем во тенис, а пред почетокот се поставува само едно прашање. Дали Енди Мареј ќе може да го сопре Новак Ѓоковиќ?



Британецот е се чини единствениот способен тенисер во моментов од „големата четворка“, кој има минимум шанси да се носи со Србинот. Рафа Надал нема да настапи поради повреда, а недоволно опоравен од повредите е и Роџер Федерер, па се чини дека целокупната одговорност за обезбедување каква таква неизвесност на Вимблдон е врз плеќите на Мареј.

Ѓоковиќ веќе долго време е во неверојатен ритам и по триумфот на Ролан Гарос, тој успеа ги обедини сите четири Грен Слем титули. Сега му преостана уште својата доминација во машкиот тенис да ја круниса со сезонски слем.

Мареј играше во финалето во Париз, загуби од Ѓоковиќ, но тоа е подлогата која најмалку му одговара. Тревата на Вимблдон многу повеќе му лежи на Британецот, па токму од таа гледна точка се и надежети на неговите навивачи, дека тој ќе може да се носи со светскиот рекет број 1. Битно е и тоа што тој го врати во својот стручен штаб Иван Лендл, за да му помогне токму во мечевите со Ѓоковиќ.

Во женска конкуренци главен фаворит е Серена Вилијамс, а дали ќе успее Американката да дојде до триумф зависи единствено од нејзината форма, а многу помалку од останатите тенисерки.

27-јун-2016 10:15