background image

Надал се откажа и од Вимблдон

Рафаел Надал поради повреда ќе отсуствува и од наредниот Грен Слем турнир, потврди шпанскиот тенисер.



Натпреварите од Вимблдон ќе минат без двојниот шампион кој се уште не се чувствува фит од повредата на рачниот зглоб, која го примора предвреме да се откаже и од настапите на Ролан Гарос.

„По направените прегледи и консултацијата со лекарите, донесов одлука да не настапувам на Вимблдон“, изјави Надал.

Многумина се прашуваат дали Шпанецот воопшто ќе успее да се врати во „белиот спорт“, бидејќи веќе подолго време се мачи со повреди. Евидентно е дека тој е далеку од својата реална форма и од денешна гледна точка тешко е да се претпостави, дали тој повтоно би можел да биде сметан за фаворит на еден поквалитетен турнир?

09-јун-2016 21:15