background image

Две години суспензија за Шарапова

Марија Шарапова доби казна од две години забрана за играње тенис, откако падна на последниот допинг тест.



За време на австралискиот Грен Слем таа доби позитивен извештај на мелдониум, стимуланс кој дури од оваа година се наоѓа на листата на забранети супстанци.

„Паднав на тестот и ја превземам одговорноста, лекот го земав во текот на последните 10 години и не знаев дека е забранет во меѓувреме“, изјави пред неколку месеци Шарапова.

Овие две години суспензија на многумина им се видоа како престроги, а дел од тениските коментатори сметаат дека ова е крај на кариерата за 29 годишната Русинка.

08-јун-2016 18:15