background image

Ѓоковиќ ја комплетира колекцијата!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ испиша нови страници од историјата откако со триумфот на Ролан Гарос ги комплетираше Грен слемовите.



Во финалето на отвореното првенство на Франција, Ѓоковиќ го порази Енди Мареј со 3:6, 6:1, 6:2 и 6:4 и така го освои единствениот Грен слем трофеј кој му недостасуваше.

Ѓоковиќ го освои 12 Грен слем трофеј и ја комплетираше својата богата колекција.

Не почна добро мечот во Париз за Новак, бидејќи Мареј играше одлично и го доби првиот сет со 6:3. Но тоа не го поремети Ноле кој се разбуди и во преостанатите три сета го разби противникот.

Новак стана осми играч кому му успеало да ги освои сите Грен слем трофеи по Роџер Федерер, Рафаел Надал, Рој Емерсон, Род Лејвер, Фред Пери, Андре Агаси и Дон Баџ.

05-јун-2016 18:31