background image

Мугуруза триумфира на Ролан Гарос

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза го освои Ролан Гарос откако во финалето ја совлада првата тенисерка во светот Серена Вилијамс со 7:5 и 6:4.



Мугуруза без притисок влезе во финалето и без респект и се спротистави на Американката, освојувајќи го својот прв Грен слем. Таа стана првата шпанска тенисерка по пауза од 18 години која стигнала до пехарот во Париз. Последна таму триумфираше Аранча Санчез Викарио во 1998. година.

Серена пропушти можност во своето 27. Грен слем финале да стигне до 22 титула и да се изедначи со легендарната Германка Штефи Граф.

„Конечно успеав да освојам Грен слем титула и тоа против најдобрата во светот. Среќна сум заради тоа. Имав верба во себе во двата сета, се борев и успеав. Ова е посебен ден за мене“, истакна Мугуруза.

04-јун-2016 18:39