background image

Ѓоковиќ и Мареј за титулата на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе играат во финалето на Ролан Гарос.



Ѓоковиќ во првото полуфинале во три сета беше подобар од Доминик Тием со 6:2, 6:1 и 6:4.

Енди Мареј пак за два и пол часа во четири сета го елиминира бранителот на титулата Станислас Вавринка со 6:4, 6:2, 4:6 и 6:2. Британецот се избори за првото финале во кариерата на Ролан Гарос каде минатите пет сезони на три пати не го минуваше полуфиналето.

Ѓоковиќ и Мареј до сега одиграа девет Грен слем меча и Србинот води со 7-2 во победи.

03-јун-2016 22:42