background image

Загуби поен заради стенкање

Трендот на стенкање на тениските терени го започна Моника Селеш уште во 90-тите години од минатиот век. Во женскиот тенис некако се навикнавме на тоа, но стенкање има и кај мажите.



Поточно Чилеанецот Гонзало Лама, кој урлаше при секој свој удар. На социјалните мрежи се прошири видеото од Челинџерот во чешкиот Простејов каде Лама играше против Холанганецот Робин Хасе.

Хасе толку го живцираше стенкањето на противникот што и сам почна да урла.

Но тоа не му се допаѓаше на судијата кој му одзема поен.

„Што е ова? Тој смее да стенка, а јас не?! Па тој постојано го прави тоа и ништо не преземате. Јас го направив еднаш и вие ме казнувате“, бесен беше Хасе.

На крајот стенкањето му помогна на Лама кој славеше со 6:3 и 6:3.

03-јун-2016 11:32