background image

Ѓоковиќ ја проби границата од 100 милиони долари

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој ја надминал границата од 100 милиони долари заработувачка од турнирите.



Ѓоковиќ до ова остварување стигна со пласманот во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Најдобриот светски тенисер се пласира меѓу осумте најдобри на вториот Грен слем сезонава со победата над Роберт Баутиста Агут со 3:6, 6:4, 6:1, 7:5.

Ноле пред почетокот на Ролан Гарос од турнири заработил 99.673.404 долари, а со пласманот во 28 последователно четвртфинале инкасира додатни 328.251.

Тоа значи дека до сега заработил 100.001.655 долари и се наоѓа пред Роџер Федерер кому до „стотката“ му фалат нешто помалку од два милиони.

01-јун-2016 18:30