background image

Дали е ова крајот на Рафа Надал?

Рафаел Надал денеска се повлече од натамошните настапи на Ролан Гарос, пропуштајќи ја шансата да дојде до десеттата титула на францускиот Грен Слем.



Тој објасни на прес-конференцијата дека има повреда на зглобот на раката, која што не му дозволува да продолжи понатаму, во моментот кога тој по подолго време игра на задоволително ниво.

„Вчера играв со инекција против болка, во таква состојба не можам да продолжам на турнирот. Веќе неколку недели имам проблеми со зглобот на раката и затоа не можам да настапувам“, изјави Надал.

Тоа што многумина сега се прашуваат е дали Шпанецот ќе успее набргу да се врати на терените или по бројните повреди ќе биде принуден да и стави крај на кариерата? Тој неколку пати веќе беше отсатен поради бавното опоравување на телото, што остави голем белег врз неговата форма.

Во моментов е веројатно тешко да се предвиди каква ќе биде иднината на неговата кариера, но исто така е тешко да се предвиди дали тој воопшто има шанса да се врати во врвот од машкиот тенис.

27-мај-2016 20:44