background image

Федерер пропушта Грен слем по 16 години

Швајцарецот Роџер Федерер потврди дека ќе го пропушти претстојниот Ролан Гарос со што ќе ја прекине неверојатната серија од 65 настапи по ред на Грен слем турнирите.



Заради повреда Федерер мораше да се повлече од Ролан Гарос.

„Жал ми е што морам да соопштам дека донесов одлука за повлекување од годинешниот Ролан Гарос. Постепено напредував во формата, но се уште чуствувам дека не сум 100% подготвен заради што не сакам да ризикувам“, објасни Федерер.

Поранешниот прв светски рекет во последно време има доста проблеми со повредите заради што се откажа од Мастерсот во Мадрид, а во Рим беше елиминиран уште во третото коло.

19-мај-2016 20:33