background image

Мареј го освои Рим

Енди Мареј кончено има причина за радост, откако триумфираше на Мастерсот во Рим, а во финалето го совлада најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.



Овој дуел се оддржа само една недела по финалето во Мадрид, кога победник испадна Ѓоковиќ. Денеска Мареј очигледно беше поодморен од противникот и дојде до триумф од 2:0 во сетови, за неговата 12-та Мастерс титула во кариерата. Одличната игра му донесе и намалување на меѓусебната разлика со Србинот, па сега Ноле води со 23:10 во победи.

Инаку на оваа средба Ѓоковиќ испрати остра критика кон судијата, обвинувајќи го дека ризикува негова повреда, бидејќи дозволи да се одигра финалето иако врнеше ситен дожд.

Ова одлична најава пред Ролан Гарос, бидејќи Британецот барем досега важеше за прилично лош тенисер на земјените терени. Познавачите на тениските прилика од Грен Слемот во Париз предвидуваат триумф на Ѓоковиќ, а токму од Мареј, но и од „кралот на земјените терени“ Рафаел Надал, се очекува да дојде главниот отпор.

Отвореното првенство на Франција во тенис ќе започне наредната недела.

15-мај-2016 18:55