background image

Дроновите летаат и во Њујорк

Дрон се урна на стадионот „Луис Армстрон“ на Флешниг Медоус во Њујорк, каде што деновиве се одржуваат мечевите од Отвореното првенство на САД во тенис.



Инцидентот се случи додека траеше дуелот помеѓу Флавија Пенета и Моника Никулеску, а на местото од трибините каде што се сруши дронот немаше гледачи.

„Помислив дека е бомба, по се она што се случува во светот“, изјави Пенета.

По кусото истражување на њујоршката полиција уапсен е 26 годишен учител, кој се сомничи дека управувал со дронот. Нема индиции дека се работи за акт на тероризам, но оваа активност е илегална бидејќи никој нема дозвола да лета дронови во овој дел од градот, додека траат мечевите на УС Опен.

04-сеп-2015 15:38