Ads

тенис

тамбови

Федерер и Надал пред 85.000 гледачи

Роџер Федер и Рафаел Надал најверојатно ќе одиграат хуманитарен меч на стадионот Сантјаго Бернабеу пред 85.000 гледачи.

Ибрахимовиќ му подари дрес на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ навиваше за Милан на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони против Арсенал (4:0).

Кој може да ја скине маицата како Ѓоковиќ?

Британскиот таблоид Сан во соработка со EA Спортс, организираше наградна игра, на која може да освоите Плејстејшн 3 и видео играта Гренд Слем Тенис 2. Наградата ќе ја добие оној кој ќе успее да ја скине својата маица на ист начин како што тоа го направи Новак Ѓоковиќ по крајот на маратонското финале на годинешниот Австралија Опен, кога го совлада Рафаел Надал.

Ѓоковиќ доби восочна фигура во Јагодина

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера претстојуваше во Јагодина каде позираше покрај својата восочна фигура.

Французите нема да дочекаат Рафа да биде допингуван

Вујкото и тренер на вториот светски рекет Рафаел Надал, Тони се огласи во јавноста откако францускиот Канал + направи видео во кое индиректно го обвинува Шпанецот за допинг.

Ѓоковиќ најдобар спортист за 2011-та

Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот за 2011. година во избор на престижната фондација Лауреус, која традиционално го доделува спортскиот оскар за најуспешните.

Најубавите потези од финалето Ѓоковиќ - Надал

Маратонскиот шестчасовен дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал изобилуваше со убави потези и удари кои ја померуваат границата на реалност, често и на физиката. Официјалниот сајт на АТП имаше неблагодарна задача да ги издвои најубавите поени од финалето на Австралија опен во видео од пет минути.

Најубавите потези од финалето Ѓоковиќ - Надал

Маратонскиот шестчасовен дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал изобилуваше со убави потези и удари кои ја померуваат границата на реалност, често и на физиката. Официјалниот сајт на АТП имаше неблагодарна задача да ги издвои најубавите поени од финалето на Австралија опен во видео од пет минути.

Ѓоковиќ цврсто на врвот, Азаренка прва кај дамите

Нема промени на врвот на АТП листата каде на првото место и натаму е Новак Ѓоковиќ, а кај дамите на најновото рангирање на ВТА листата во водство е Викторија Азаренка. Најдобро рангираниот македонски тенисер е на 982-та позиција.

Ѓоковиќ ја одбрани титулата по шест часа борба

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата од Автралија опен, откако по најдолгиот финален меч на еден гренд слем турнир во историјата го совлада Шпанецот Рафаел Надал.

Азаренка ја освои Австралија

Викторија Азаренка од Белорусија е новата кралица на женскиот тенис. Таа во финалето на Австралија опен ја победи Марија Шарапова и го освои својот прв гренд слем трофеј кој и го донесе и првото место на ВТА листата.

Ѓоковиќ избори ново финале

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Австралија Опен, откако по голема борба и четири часа и 50 минути игра го порази Енди Мареј со 3:2 по сетови 6:3, 3:6, 6:7, 6:1 и 7:5.

Кој го украде шоуто на Надал и Федерер?

Кога играат Рафаел Надал и Роџер Федерер загарантирани се врвни потези, дури и кога двајцата фантастични тенисери не се во главна улога. Така на вчерашниот нивни дуел во полуфиналето на Австралија Опен, момчето кое ги собира топките ги засени со својата молњевита реакција.

Надал преку Федерер до финале

Рафаел Надал се пласира во финалето на Австралија Опен, совладувајќи го во полуфиналето Роџер Федерер со 3:1 по сетови 6:7, 6:2, 7:6 и 6:4.

Азаренка и Шарапова во финале

Викторија Азаренка и Марија Шарапова ќе играат во финалето на првиот Гренд Слем турнир сезонава, Австралија Опен.

Ѓоковиќ без загубен сет против Ферер

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен со победата над Шпанецот Давид Ферер од 3:0 по сетови 6:4, 7:6, 6:1.

Мареј лесно до полуфиналето

Четвртиот носител Енди Мареј без проблеми го совлада Кеи Нишикори со 6:3, 6:3 и 6:1 и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Ферер.

Надал се избори за дуел со Федерер

Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, совладувајќи го Томаш Бердих со 3:1 по сетови 6:7, 7:6, 6:4, 6:3.

Федерер славеше над Дел Потро во 1.000 меч

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер без проблеми се пласира во полуфиналето на Австралија Опен со триумфот над Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро од 6:4, 6:3, 6:2.

Не е лесно да собираш топчиња

Собирачите на топчиња имаат обврска да собираат и некои други работи од теренот. За време на натпреварот од Австралија опен помеѓу Лејтон Хјуит и Седрик Марсел Стиб, се појави непоканет гостин. Најхрабра се покажа една од девојките кои ги собираат топчињата и се обиде да ја тргне големата бубачка од теренот, а нејзината гримаса предизвика овации од гледачите.

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk