Тешка група за ватерполистите |
Тешка група за ватерполистите
Македонската ватерполо репрезентација ќе има тешка задача да се пласира на Олимписките игри во Лондон.
| « врати се назад |

На денешната ждрепка за предолимпискиот турнир во Едмонтон, Mакедонија се најде во група заедно со европскиот вицешампион Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија.
Втората група е далеку полесна бидејќи во неа ќе играат селекциите на Шпанија, домаќинот Канада, Венецуела, Бразил, Аргентина и Турција.
Според пропозициите, првите четири репрезентации од секоја група обезбедуваат четвртфинале и вкрстуваат по принцип, првиот тим со четвртиот, вториот со третиот од двете групи, а најдобрите четири селекции од тие дуели ќе се пласираат во Лондон.
Предолимпискиот турнир во Едмонтон, Канада ќе се одржи од 1. до 8. април.
























