Ads

Кличко ја одбрани титулата

Кличко ја одбрани титулата

Виталиј Кличко и натаму е светски боксерски првак во тешка категорија во ВБЦ верзијата, откако по десетти пат успешно ја одбрани својата титула, совладувајќи го на бодови Британецот Дерек Чисора.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.<br />

Пред 12.500 гледачи во Олимписката арена во Минхен, Кличко со едногласна одлука на судиите (118:110, 118:110 и 119:111) го порази Чисора.

Предизвикувачот ја зголеми тензијата откако прво на официјалното мерење му удри шамар на Кличко, а провокациите продолжија и непосредно пред борбата, oоткако со вода го исплука во рингот помладиот брат Владимир Кличко.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Сепак кога почна борбата сите закани на Чисора се покажаа како бесмислени, бидејќи Кличко успешно го диктираше темпото и од рунда во рунда ја зголемуваше бодовната предност.

Чисора прв пат успеа да го загрози Украинецот во шестата рунда, но Виталиј ги користеше противударите со кој го рушеше гардот на противникот, па на крајот заслужено славеше.

"Ова беше тежок меч за мене, среќен сум што ја одбранив титулата, бидејќи не беше лесно. Чисора беше многу мотивиран и вршеше притисок кон мене во сите 12 рунди. Но и покрај тоа тој беше многу спор, ги видов сите негови удари. Освен што неколку пати малку ме закачи, не почувствував ништо повеќе", истакна Кличко и продолжи:

"Јас го почитувам него како борец, но не и како човек. Чисора е срам за боксерскиот свет. Иако доаѓа од Велика Британија, тој не е господин. Да бидам искрен сакав да го нокаутирам. Сакав да му го дадам она што го заслужува. Не успеав, но животот е интересен и долг можеби некој пат повторно ќе се сретнеме", рече Кличко.


19. Февруари 2012 - 11:20
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk