Ads

Чисора се степа со Хеј

Чисора се степа со Хеј

На прес конференција по борбата за светската титула во тешка категорија против Виталиј Кличко, Дерек Чисора се истепа и со поранешниот светски првак во ВБА верзијата, Дејвид Хеј.

" title="За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
" height="427" width="485" />

Лут бидејќи Хеј го привлекува целото внимание, Чисора иронично го праша својот сонародник: "Како ти е палецот?", јасно алудирајќи на алибито на Хеј по поразот против Владимир Кличко во мечот за титулата во јули минатата година.

Вербалното препукување продолжи, а потоа Чисора со микрофон во раката тргна кон Хеј, кој стоеше меѓу новинарите и фоторепортерите, па дојде до физичка пресметка.

Хеј замавна кон Чисора држејќи шише во рацете, но го промаши, а најлошо мина неговиот тренер Адам Бут, кој заработи исекотина на чело.

"Ти се колнам дека ќе те застрелам Дејвид Хеј, ме исече со шише", беснееше Чисора.

Владимир Кличко од страна иронично се смееше за време на тепачката меѓу двајцата британски боксери, а подоцна за БиБиСи изјави:

"Целосно сум разочаран. Ова отиде предалеку. Боксерскиот спорт не би требало да биде ваков".

Англиските медиуми пишуваат дека Дисциплинскиот комитет на Британскиот боксерски сојуз остро ќе ги казни и Чисора и Хеј, а казната би се движела од парична до одземање на босерската лиценца.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
 


19. Февруари 2012 - 12:48
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk