background image

Исинбаева се расплака пред Путин

Јелена Исинбаева ги испрати руските спортисти во Рио, за жал неа таму нема да ја гледаме.



Олимписките игри овој пат ќе бидат без најдобрата атлетичарка во скок со стап во историјата, светската рекордерка Јелена Исинбаева.

Таа не можеше да ги задржи солзите при излегувањето на говорницата кога требаше да им посака среќа на руските спортисти на ОИ во Рио.

Причината е позната, таа и нејзините колеги атлетичари не ќе можат да одат во Рио заради обвиненијата дека со помош на државата користеле недозволени средства.

На тоа присуствиваше и претседателот на Русија, Владимир Путин.

 

28-јул-2016 13:00