background image

Џиу џитсу шампион киднапиран во Бразил

Џиу џитсу првакот Џејсон Ли бил киднапиран во Бразил на две недели пред почетокот на Олимписките игри.



Борецот од Нов Зеланд отпатувал на една борба во Рио каде го киднапирале криминалци маскирани во воена полиција.
Му било кажано дека ќе биде приведен доколку не влезе во нивниот автомобил, а кога влегол му барале 450 фунти. Откако им ги дал парите, го пуштиле на слобода.

„Бразил е заебан во секоја можна смисла. Не сум сигурен што е подепресивно: тоа што на странците им се случува тука или фактот што Бразилците живеат во општество кое дозволува вакви срања на секојдневна база“, изјави Ли по инцидентот.

На Твитер оригинално го опиша својот ден.

Што правевте вчера?
„Јас бев киднапиран. Напред Олимписки игри!“

На Олимписките игри нема да настапи затоа што џиу џитсу не е олимписки спорт.

26-јул-2016 14:00