background image

Се обиде да го украде олимпискиот оган

Еден маж се обиде да го украде олимпискиот оган од рацете на девојката која го носеше низ реонот Гваруљос во Сао Пауло.



Мажот чиј идентитет не е објавен се обиде да пројде низ кордонот полицајци кои го следеа олимпискиот оган, но полицијата брзо го собори и уапси.

Олимпискиот оган е на пат долг 20.000 километри низ 300 бразилски градови, пред да стигне во Рио де Жанеиро каде ќе биде свеченото отворање на Олимписките игри на 5 август.

25-јул-2016 13:00