background image

Американците нема да патуваат на ОИ во Рио?

Американскиот олимписки комитет ги информираше спортските федерации во земјата, дека патувањето на олимписките Игри во Рио де Жанеиро би можело да донесе ризик по здравјето на спортистите.



Во Бразил има голем број на заболени од вирусот Зика, кој се пренесува преку комарци и предизвикува микроцефалија кај бебињата, тешко невролошко заболување кое што се манифестира со стеснување на главата.

„На федерациите им е порачано дека не треба да патуваат во Рио, доколку спортистите се чувствуваат небезбедно“, изјавија офицалните лица од САД.

Доколку селекцијата на САД ги бојкотира Игрите тоа ќе биде сериозен удар врз квалитетот на истите, а многу веројатно е дека и голем број на други репрезентации ќе го следат нивниот пример.

08-фев-2016 14:45