Ads

разно

тамбови

Како тепаше Тајсон

Тотално рендом - Сите нокаути на Мајк Тајсон и потсетување на тоа каков „ѕвер“ од боксер беше пред да се претвори во она што на крајот и му ја уништи кариерата.

Повредите посилни од Олсон

Поранешниот олимписки шампион во трискок Швеѓанецот Кристијан Олсон мора да ја заврши кариерата заради постојаните проблеми со повредите.

Запален олимпискиот оган

Олимпискиот пламен е запален во античка Олимпија, Грција што воедно го означува и последното одбројување до Олимписките игри во Лондон кои започнуваат на 27 јуни.

23 години од подвигот на Мурато

Легендата на македонскиот алпинизам Димитар Илиевски - Мурато беше првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест. Минаа 23 години од огромниот успех на великанот, кој засекогаш остана во прегратките на големата планина.

Хеј и Чисора сега ќе се пресметуваат во ринг

Контроверзните британски боксери Дејвид Хеј и Дерек Чисора ќе ги вкрстат ракавиците на 14 јули на стадионот Аптон парк во Лондон.

Четврта светска титула за „Ракетата“

Англичанецот Рони О'Саливен по четврти пат во кариерата стана светски првак, откако во финалето во Крусибел театарот во Шефилд го совлада Алистер Картер со 18:11 во фрејмови.

Болт со најдобро време оваа година

Усеин Болт одлично ја започна сезоната на митингот во Кингстон, остварувајќи најдобро време оваа година на 100 метри од 9,82 секунди.

Кенијците најуспешни на Скопскиот маратон

Патрик Мичеми Вамбугу во машка и Сесилија Вангуи Варутумо во женска конкуренција триумфираа на годинешниот Скопски маратон.

Борачите без олимписка виза

Дејан Митров и Љуљзим Вранези неуспеаја да обезбедат пласман на Олимписките игри во Лондон, откако беа елиминирани на последниот квалификациски турнир во Хелсинки. 

Болт со песна „Побрз од молња“

Спринтерот од Јамајка, Усеин Болт најде нов начин да ги надмине своите конкуренти на Олимписките игри во Лондон ова лето. 

Суспензија за британски борач

Британскиот борач Мирослав Дикун, кој е освојувач на златниот медал во категорија до 66 килограми во грчко-римски стил на Игрите на Комонвелтот во 2010 година е суспендиран откако е утврдено дека користел недозволени средства. 

Болт може и побрзо од 9.50 на „стотка“

Усеин Болт може и побрзо од 9.50 секунди, тврди Глен Милс, тренер на најбрзиот светски спринтер. Милс верува дека Болт може да го сруши светскиот рекорд од 9.58, кој го постави на Светското првенство во Берлин во 2009 година. 

Митров потклекна пред последната пречка

Македонските борачи Дејан Митров и Љујзим Вранези не успеаја да обезбедат олимписка виза на квалификацискиот турнир во Софија. 

Леброн ги изнервира навивачите на Ливерпул

НБА суперзвездата и косопственик на Ливерпул, Леброн Џејмс сакаше да му одаде признание на клубот од Мерсисајд, но не успеа во тоа.

Ало судија!

Судијата Најџел Овенс (40) стана звезда по невообичаниот метод на рагби натпреварот меѓу ирскиот тим Мунстер и шкотски Глазгов. Овенс го повика својот пријател судија преку мобилен телефон за да ја реши спорната ситуација, бидејќи не му функционираше „бубицата“. Кај играчите на двата тима измами насмевка, а публиката го награди со аплауз.

Болт ветува спектакл во Лондон

Останаа уште 100 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Спортскиот настан кој ќе ја одбележи годината, а веќе се наѕира и името на човекот кој ќе ги одбележи Игрите.

Гебресиласие се откажа од ОИ

Поранешниот светски рекордер во маратон, Хајле Гебресиласие нема да учествува на претстојните Олимписки игри во Лондон, пренесуваат британските медиуми. 

Голи суперхероини

Девојките кои можат да се видат во рингот помеѓу рундите на ММА настаните често привлекуваат повеќе внимание од самите борби. Едни од најатрактивните се ринг-девојките на CFA (Championship Fighting Alliance), кои одлучија последната своја промоција да ја направат со body painting во стилот на костумите на некои од најпознатите суперхерои.

Монако последна проверка за Болт

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт последната проверка пред Олимписките игри ќе ја има на митингот од Дијамантската лига во Монако. 

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk