Заврши сезоната за Ракчевиќ |
Заврши сезоната за Ракчевиќ
Македонскиот ракометен првак Металург до крајот на сезоната не ќе може да смета на пикерот Младен Ракчевиќ.
| « врати се назад |

Црногорскиот ракометар се повреди на мечот со Нексе и по извршената магнетна резонанца беше утврдено дека има скинати предни вкрстени лигаменти и за него оваа сезона е завршена. Во наредниот период ќе замине на операција во Нови Сад, а потоа ќе допатува во Скопје.
Ова е тежок удар за составот на Лино Червар бидејќи и вториот пикер, Ванчо Димовски не е целосно рехабилитиран од скршеницата на коската во стапалото и не може да одигра цел натпревар.
Повредата доаѓа во најнезгоден момент затоа што Металург во наредниот период ќе игра важни натпревари во Лигата на шампиони, регионалната СЕХА лига и во домашното првенство.
























