Вардарци лесно со „Делиите“ |
Вардарци лесно со „Делиите“
Ракометарите на Вардар забележаа лесна победа од 35:24 над Црвена Звезда во 16-то коло од регионалната СЕХА лига.
| « врати се назад |

Црвена Звезда беше достоен противник само во првите минути кога имаа водство од 2:4, но потоа следеш целосна доминација на Вардар. За 18 минути игра гостите постигнаа само еден гол, а Вардарци реализираа дури 15, а на полувремето заминаа со предност од 13 голови (20:7).
Во второто полувреме стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ реши да одмори неколку првотимци, но домаќините ја имаа иницијативата и со оние ракометари кои не добиваат голема минутажа. На крајот Вардар славеше со 35:24.
Најефикасни за Вардар беа Николиќ и Марковиќ со по пет голови, а кај Црвена Звезда се истакна Докиќ со осум погодоци.
Со оваа победа екипата на Вардар се израмни на табелата со лидерот Загреб кој има натпревар помалку.
Наредната недела Вардар во рамките на СЕХА лигата се среќава со екипата на Шабац.
























