Ads

Србија-Данска во финалето на ЕП

Србија-Данска во финалето на ЕП

Ракометната војна помеѓу Србија и Хрватска му припадна на домаќинот на Европското првенство. Србија славеше со 26:22 и се пласираше во финалето каде во недела се среќава со Данска.

Србија-Данска во финалето на ЕП

Почетокот на натпреварот беше максимално израмнет и двата тима се менуваа во водство, но ниту една репрезентација не направи предност од два гола. Дури во 22-та минута Хрватска успеа да поведе со 9:11.

Израмнетата игра продолжи до крајот на првиот дел, а на паузата Хрватска замина со минимална предност од 13:14.

Во текот на целото прво полувреме ракометарите на двете репрезентации имаа одличен процент на реализација, па така голманот на Србија и член на скопски Металург, Дарко Станиќ кој блескаше во досегашниот тек на првенството, по првите 30 минути успеа да одбрани само еден удар кон неговиот гол.

По десет минути игра во вториот дел Србија направи серија од 4:0 и за прв пат на натпреварот поведе со два разлика (16:14).

Србија во второто полувреме на својот гол го имаше далеку порасположениот голман Станиќ и со помош на неговите одбрани во 45-та минута поведоа и со четири разлика (21:17).

Ракометарите на Србија продолжија со сигурната игра и во 53-та минута успеаја да стигнат до предност и од пет голови (25:20). До крајот домаќините го одржуваа своето водство и триумфираа со 26:22.

Најефикасен за Србија беше Момир Илиќ со осум голови, а Станиќ имаше 12 успешни одбрани. Во редовите на Хрватска најефикасен беше Марко Копљар со седум голови.

Финалето на Европското првенство помеѓу Србија и Данска ќе се одигра во недела од 17 часот, а од 14:30 во натпревар за третото место ќе се сретнат Шпанија и Хрватска.


27. Јануари 2012 - 21:56
Ads

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk