Ракометарите на СП 2013 преку Австрија |
Ракометарите на СП 2013 преку Австрија
На ждребката одржата попладнево во Белград, македонската ракометна репрезентација за противник во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија во 2013-та година ја доби селекцијата на Австрија.
| « врати се назад |

Македонија на Светското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија ќе брка пласман преку бараж натпревари со репрезентацијата на Австрија.
Првиот натпревар ќе се одиграат на 9-ти или 10-ти јуни, а реванш натпреварот е закажан за седум дена подоцна.
Светското првенство во ракомет во 2013-та година ќе се одржи во Шпанја од 13-ти до 27-ми јануари 2013-та година.
Бараж натпревари за СП 2013:
Македонија – Австрија
Исланд – Холандија
Словенија – Португалија
Литванија – Полска
Русија –Чешка
Словачка –Белорусија
Унгарија – Норвешка
Германија –БиХ
Шведска - Црна Гора
























