На ОИ преку Шведска, Унгарија и Бразил |
На ОИ преку Шведска, Унгарија и Бразил
Со завршувањето на Европското ракометно првенство, Македонија ги доби противниците од квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
| « врати се назад |

Македонската ракометна репрезентација преку втората квалификациска група во Шведска ќе брка пласман на Олимписките игри во Лондон 2012-та година.
Покрај домаќинот Шведска, нашата ракометна репрезентација на квалификацискиот турнир ќе се сретне и со репрезентациите на Бразил и Унгарија.
Репрезентацијата на Шведска на Европското првенство во Србија заврши на 12-та позиција, Унгарија заврши на 8-та позиција.
Репрезентацијата на Бразил заврши на 2-та позиција на континенталното првенство на Јужна Америка, а на Светското првенство во Шведска минатата година со пет порази од пет натпревари заврши на 21-та позиција.
Квалификацискиот турнир ќе се одржи од 6-ти до 8-ми април 2012-та година, а пласман на Олимписките игри во Лондон ќе обезбедат првите две рангирани репрезентации.
























