Металург убедлив против Металопластика |
Металург убедлив против Металопластика
Екипата на Металург полесно од очекувањата славеше на гостувањето во Рума против Металопластика со 25:17 во рамките на регионалната СЕХА лига.
| « врати се назад |

Составот на Лино Червар во првото полувреме одигра послабо, но сепак замина со предност од 10:8.
Но со одлична игра во вториот дел, Металург направи голема разлика, која на моменти изнесуваше и 10 гола разлика (22:12) и ја одржуваа до крајот за заслужена победа.
Натпреварот го пропуштија Ацо Јоноски и Наумче Мојсовски, а по подолго време настапи Мите Стоилов.
Најефикасен беше Козлина со шест гола, Стојчевски постигна пет, а Левов и Димовски дадоа по четири гола. Дарко Станиќ имаше 14 одбрани.
Следен предизвик за Металург е гостувањето во Лигата на шампиони во недела против Висла.
























