Ads

Металург го претрпе првиот пораз

Металург го претрпе првиот пораз

Ракометарите на Металург го доживеаја првиот пораз во регионалната СЕХА лига откако загубија на гостувањето кај Нексе со 29:27.

Металург го претрпе првиот пораз

Нема веќе непоразени екипи во регионалната ракометна СЕХА лига. Металург загуби на гостувањето во Нашице од екипата на Нексе која успеа да одземе и бод во Скопје кога натпреварот заврши со резултатот 26:26.

Дуелот во Хрватска беше израмнет, но домаќините ја имаа иницијативата во поголемиот дел од натпреварот. Ракометарите на Металург дојдоа до водство на почетокот од второто полувреме (17:18), но во продолжението Нексе ја контролираше играта и во финишот направи недостижно водство од 29:25 кое Металург до крајот само го намали за конечни 29:27.

Најефикасни во редовите на Металург беа Козлина со осум и Марковиќ со седум погодоци, а домаќините успешно го спречија Наумче Мојсовски кој постигна само два гола.

По 12 одиграни натпревари (8-3-1), Металург се наоѓа на четвртата позиција со 27 поени. На табелата води Загреб со 38 пред Вардар со 35, но тие имаат по 15 одиграни натпревари, а на третата позиција е Татран со 28 поени по 14 натпревари.


7. Февруари 2012 - 22:31
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk