Ads

Македонија петта во Европа!

Македонија петта во Европа!

Македонската ракометна репрезентација ја победи Словенија со 28:27 и го освои петтото место на Европското првенство во Србија. Кире Лазаров постигна осум голови и со вкупно 61 гол го постави новиот рекорд за најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

" title="За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
" height="405" width="485" />

На стартот Словенија поведе со 0:2, но нашите ракометари направија пресврт, влегоа во серија постигнувајќи пет гола за 5:2.

Во 12. минута Зорман намали на 5:4, сепак повторно успеавме да се одлепиме со четири гола во низа за водство од 9:5. Во тие моменти блескаше Борко Ристовски со седум одбрани и два успешно одбранети седмерци.

Алушовски и Стоилов постигнаа по два гола во финалните десет минути од првото полувреме кое заврши со погодок на капитенот Кире Лазаров во последната секунда за водство 16:12. Лазаров го постигна својот петти гол и негов 58 на првенството со што се изедначи со Олафур Стефансон.

На стартот од второто полувреме Стоилов го врати водството од пет голови (17:12), но со серија од три гола, Словенците бргу намалија на 17:15.

По голот на Темелков за 18:15, македонските ракометари влегоа во криза, која Словенија ја искористи и постигна пет голови за пресврт од 18:20.

Лошата серија од седум минути без постигнат гол ја прекина Алушовски кој во 43-та минута намали на 19:20, но Словенија и со играч помалку веднаш возврати и си го врати водството од два гола.

Во 48-та минута од натпреварот Кире Лазаров го постигна својот шестти гол, вкупно 59-ти на ова првенство со што стана најдобар стрелец на Европските првенства.

Ова беше период на Македонија кога со серија од 4:0 нашите ракометари направија предност од 25:22.

Неизвесноста продолжи до самиот крај, но нашите ракометари во ниту еден момент не дозволи ново израмнување и на крајот извојуваа победа од 28:27.

Со оваа победа ракометната репрезентација на Македонија го освои петтото место на Европското ракометно првенство во Србија, а со тоа избори и пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Кире Лазаров со 8 голови, Стојанче Стоилов постигна шест, а Стевче Алушоски четири. На нашиот гол повторно одличен беше Борко Ристовски кој на овој натпревар одбрани 11 удари кон неговиот гол.


27. Јануари 2012 - 17:55
Ads

Изјава

Нашето тело е само привремен брод со кој плови нашата вечна душа. Секој од нас е продолжение на моќта која го создала целиот универзум, без разлика на која дрога моментално се наоѓаме."
Ru Paul

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

14
највисока темп.
7
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk