Ads

Лазаров: Одиме на Олимписки игри

Лазаров: Одиме на Олимписки игри

По освојувањето на петтото место на Европското ракометно првенство, капитенот Кире Лазаров е уверен дека Македонија може да избори пласман и на Олимписките игри во Лондон.

Лазаров: Одиме на Олимписки игри

Со победата од 28:27 над Словенија, ракометната репрезентација на Македонија го освои петтото место на Европското првенство, а со тоа и загарантирано место во квалификациите за Олимписките игри во Лондон. По натпреварот, импресиите од дуелот со Словенија и целото првенство на прес-конференција за новинарите ги споделија капитенот Кире Лазаров и селекторот Звонко Шундовски.

„Некој би помислил дека ќе го завршиме натпреварувањето со жалење за пропуштената шанса за пласман во полуфиналето, но јас не се каам поради тоа, затоа што го оставивме срцето на теренот.“

„Убеден сум дека доколку покажеме иста посветеност на престојниот квалификациски турнир, можеме да обезбедиме виза за Олимписките игри во Лондон.“

„Драго ми е што нашиот голман Борко Ристовски го спаси овој ден, бидејќи тој е еден од најхрабрите играчи во нашиот тим и мој многу драг пријател“, изјави Кире Лазаров.

„Многу сум среќен поради оваа победа. Наша цел пред првенството беше да избориме олимписки квалификации, а тоа беше реална цел и со нашиот борбен дух и големото срце успеавме. Им благодариме и на нашите навивачи кои силно нé бодреа на секој натпревар“, рече селекторот Шундовски.


27. Јануари 2012 - 19:19
Ads

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk