Ads

Лазаров: Навивачите не можеш да ги излажеш

Лазаров: Навивачите не можеш да ги излажеш

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров во анкетата на Handball-Planet, со 63 проценти од гласовите од страна на навивачите беше избран за најдобар играч на ЕП 2012 во Србија. Во интервју за Balkan-Handball, еден од најдобрите десни бекови во светот говори за признанијата, репрезентацијата, Лондон, желбите...

Лазаров: Навивачите не можеш да ги излажеш

"Голема чест и задоволство е кога ќе те изберат навивачите. Нив не можеш да ги фолираш, ниту да ги лажеш. Тие се вистинското мерило, на се она што успеавме да го направиме. Многу ми е мило заради тоа".

ЕХФ има некое "чудно" правило МВП и најдобриот стрелец да не ги стави во идеалниот тим. Како реагираше на тоа што те немаше во идеалниот тим на првенството?

"Искрено не бев изненаден. Што се однесува до изборот, секој пат се работи за некоја компензација заради пропусти, кои секогаш се случуваат на големите натпреварувања. Тоа го знаев и чувствував, така што на некој начин бев и психички подготвен. Повеќе со тоа се оптеретуваа моите блиски пријатели и луѓето околу репрезентацијата, отколку јас. Најмногу се потрошив одговарајќи на прашањата "Зошто не си, зошто не си избран", тоа ми беше најлоша работа", јасен е Лазаров.

Пред да тргнете за Ниш, за што размислуваше? Дали петтото место беше недостижно, сон, далеку. Дали беше тоа во домен на теорија за Македонија?

"На медал ниту помислував. Можеби и погрешив. Требаше повеќе да фантазирам. Повремено во глава ми доаѓаа олимписки квалификации, но знаев дека ќе биде многу тешко да се пласираме. Токму затоа што е Европско, а не Светско првенство. На СП ако дојдеш до осмо место, одиш во квалификации. Се на се, ова е историски успех. Зад себе  оставивме селекции како Германија, Норвешка, Словенија, Чешка, конкуренти за ОИ квалификации, а на Данците им подаривме златен медал. Голем успех", вели Кире и открива што му рекол на соиграчот во Атлетико, Данецот Николај Маркусен по враќањето во Мадрид.

"Му реков кога ќе добие премија за златниот медал, пола да ми ја даде мене. Онаа несреќно одбиена топка по мојот шут, вреди злато. Веќе беа спакувани за Копенхаген".Нова цел во кариерата ти е Лондон 2012. Како ги оценуваш шансите на квалификациите во Шведска во конкуренција на домаќинот и Унгарците?

"Големи аутсајдери сме. Кој нешто друго ќе каже - лаже. Мора да се надминеме  себе си, ако сакаме да ги минеме Унгарците, па и незгодните Бразилци. Секако ќе направиме се за да бидеме патници за Лондон. Моите соиграчи од репрезентацијата, кои ги прикажаа своите најдобри партии во кариерите на ЕП 2012, треба да знаат дека тоа ќе ги обврзе на многу поголема одговорност и повеќе очекувања во иднина", вели Лазаров и додава:

"Сега нема да биде само Кире, туку има петмина, шестмина, кои ќе мора да ја превземат одговорноста и да дадат многу повеќе ако сакаме да оствариме континуитет - пласман на Олимписките игри".

Континуитет може да постигнете и со пласман на СП во Шпанија, каде во баражот во јуни ве чекаат Австријците?

"Тоа ќе биде страшен тест на нашиот карактер, како спортисти и луѓе. Ќе го тестираме и менталитетот, затоа што како Балканци брзо се заситуваме од краткотрајниот успех и потоа прераскажуваме до крајот на животот, како и што било на ЕП во Србија. Тоа истото, но секоја година од сите големи натпреварувања можеме да го направиме со нашиот квалитет и да прераскажуваме по крајот на кариерите. Австријците на ЕП 2010 покажаа дека се тврд орев. Имаат исклучителен тренер со добар систем".

Ги обедини трите голгетерски титули. Најмногу голови во историјата даваше на Европските и Светски првенства, два пати беше и најдобар стрелец во Лигата на шампиони. Има ли уште нешто во кариерата што сакаш од индивидуалните титули?

"Немав желба ни до сега. Како млад играч, се оптеретував со голови и мислев дека што повеќе даваш голови, толку си подобар играч. Тоа не е така. Сега системот на нашата репрезентација ме доведе до тоа да бидам најдобар стрелец на ЕП 2012. Кога постои систем, тогаш многу е полесно. Тоа ние го направивме и тоа е надеж за Македонија до Лондон".Често кога ќе почне приказна за Македонија, ракометните луѓе велат дека најдобро играте кога сте "сами свои газди" со домашни тренери, кои немаат многу влијание на екипата. Резултатите со Темелковски и Шундовски потврдуваат дека многу повеќе тие ви лежат отколку странски селектори. Тоа секако не е фер кон тие луѓе, а колку тоа е далеку од реалноста?

"Тоа не е вистина. Имаме млад, амбициозен стручен штаб со Шундовски и Бошковски. Бевме организирани како никогаш до сега. Имавме одлични анализи на противниците, а тоа нас многу ни ја олеснуваше работата. Доколку во иднина добиеме уште поголема поддршка од федерацијата, која изостана во минатото, ќе бидеме вистинска репрезентација уште три, четири години, која ќе им создава проблеми на сите, ама баш на сите", заклучи најдобриот стрелец на ЕП 2012.


10. Февруари 2012 - 15:24
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk