Ads

Кире Лазаров се запиша во ракометната историја

Кире Лазаров се запиша во ракометната историја

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се запиша во ракометната историја како првиот ракометар кој истовремено ги држи рекордите за најдобар стрелец на Европско и Светско првенство.

Кире Лазаров се запиша во ракометната историја

Со осумте постигнати голови на натпреварот против Словенија, капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров не само што и помогна на Македонија да дојде до петтото место на Европското првенство и да обезбеди пласман на квалификациите за Олимписките игри, туку тој стана и најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

Лазаров ова Европско првенство во Србија го завршува со 61 гол со што го сруши рекордот на Олафур Стефансон кој на првенството во 2002-та година постигна 58 голови.

Кирил Лазаров ќе биде запишан во ракометната историја како прв играч кој ги поседува рекордите за најдобар стрелец на Европско и Светско Првенство. На Светското првенство во 2009-та година Лазаров постигна 92 голови на десет натпревари.


27. Јануари 2012 - 17:24
Ads

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk