Кире Лазаров најдобар според "Handball planet" |
Кире Лазаров најдобар според "Handball planet"
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров убедливо го освои првото место и го доби епитетот најдобар играч на неодамна завршеното ЕП во Србија во изборот на еден од најпрестижните ракометни портали "Handball planet".
| « врати се назад |

За нашиот најдобар ракометар гласаа дури 10.099 навивачи или 63,30 проценти од вкупниот број, додека второпласираниот Унгарец Габор Чашар имаше преку 7.000 гласа помалку (2.829).
Кире Лазаров повеќе од заслужено го доби епитот најдобар ракометар на ЕП 2012 во Србија според "Handball planet", бидејќи ги обедини титулите за најдобар стрелец на Европското и Светското првенство, а беше прв "бомбардер" и во Лигата на шампиони.
Третото место му припадна на голманот на Металург и на српската репрезентација, Дарко Станиќ, кој освои 2.149 гласа.
Избор за најдобар ракометар на ЕП 2012 според Handball planet (гласале 15.952 фанови):
КИРЕ ЛАЗАРОВ 10099 гласа (63,30%)
Габор Чашар 2829 (17,71%)
Дарко Станиќ 2149 (13,47%)
Никлас Ландин 302 (1,90%)
Микел Хансен 250 (1,56%)
Момир Илиќ 215 (1,35%)
Драган Гајиќ 53 (0,34%)
Блаженко Лацковиќ 29 (0,18%)
Мирко Алиловиќ 13 (0,08%)
Жоан Канељас 12 (0,07%)
























