Гумерзбах следна дестинација на Ристовски |
Гумерзбах следна дестинација на Ристовски
Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски се договори со германскиот Гумерзбах каде ќе брани во следните 2,5 години.
| « врати се назад |

"Се селам во Гумерзбах. Гумерзбах беше најконкретен во преговорите, јас своите лични услови ги договорив, меѓутоа нивното инсистирање веднаш да заминам, малку ги искомплицира преговорите од причина што јас се уште имам актуелен договор со екипата на Вардар Про.
Нормално, клубот бараше Германците да платат оштета, што всушност и беше единствена точка на дневниот ред во разговорите со челните луѓе на Гумерзбах. На мое големо задоволство, тоа се заврши пред половина час, се надевам дека и претседателот Михајловски е задоволен од тоа што го доби.
Ова е едно големо признание за мене, за се она што сум го работел изминативе години и се надевам дека ќе ми донесе уште поголемо искуство, поголемо знаење што на крајот ќе резултира и со мои подобри настапи и за македонската репрезентација", изјави Ристовски за порталот Курир.
Гумерзбах за нашиот репрезентативец ќе плати обештетување од 120.000 евра, а до среда се очекува тој да биде регистриран за тимот со што ќе има право на настап.
Ова е второ меѓународно искуство на Борко Ристовски, откако во сезоната 2006/2007 настапуваше во шпанската Асобал лига.
























