Данска владее со европскиот ракомет |
Данска владее со европскиот ракомет
Ракометарите на Данска се новите европски шампиони откако во финалето со 21:19 ја совладаа домашната репрезентација на Србија.
| « врати се назад |

По 2008-та година, репрезентацијата на Данска си го врати европскиот трон. Во финалето на Европското првенство домаќинот Србија не успеа по втор пат да го совлада Данците откако еднаш ги победија во групната фаза.
Репрезентацијата на Данска уште од самиот стар беше подобра на паркетот, а на домаќините не им помогна ниту поддршката од 20.000 навивачи. Данците во текот на целото прво полувреме беа во водство, на моменти и со три разлика (5:8), а на полувремето заминаа со предност од 7:9.
Данците имаа контрола и во поголемиот дел од второто полувреме, но со серија од 3:0 Србија во 51-та минута се врати во игра и намали на 15:16 и ја најави неизвесната завршница. Сепак во самиот финиш ракометарите на Данска одиграа посигурно и поискусно и го добија натпреварот со 19:21.
Ниту 15-те одбрани на Дарко Станиќ не беа доволни затоа што Данска на својот гол го имаше Никлас Ландин кој одбрани 19 удари кон неговиот гол. Најефикасен на натпреварот беше Микел Хансен со девет голови, а за Србија, Рако Продановиќ постигна четири.
Во натпреварот за третото место, ракометарите на Хрватска ја победија Шпанија со 31:27 и го совија бронзениот медал.
























