Ads

Данска е првиот финалист на ЕП

Данска е првиот финалист на ЕП

Репрезентацијата на Данска е првиот финалист на Европското ракометно првенство во Србија откако во полуфиналето ја совладаа Шпанија со 25:24.

Данска е првиот финалист на ЕП

По израмнетиот старт на натпреварот и 3:3 по првите десет минути, Шпанија направи серија со четири голови и на средина од првото полувреме имаше водство од 3:7.

Но тогаш на сцена стапија данските ракометари кои до крајот на првото полувреме направија пресврт и на паузата заминаа со предност од 12:10.

Данците подобро го започнаа второто полувреме и направија предност од 16:12, но Шпанците се вратија во игра и во 49-та минута израмнија на 19:19.

Израмнетата игра продолжи до самиот крај, а на две и пол минути до крајот резултатот гласеше 23:23. Но тогаш на сцена стапи Хансен кој со два голови и го обезбеди пласманот на Данска во финалето на Европското првенство.

Најефикасен кај Данска беше Лауге Шмит со шест голови, а кај Шпанците се истакнаа Агуинагалде со пет погодоци и голманот Сиера со 14 одбрани.


27. Јануари 2012 - 19:45
Ads

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk