background image

Познати противниците на Вардар и Металург

Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра во групата Б, додека Металург се наоѓа во групата Ц од Лигата на шампиони.



„Црвено-црните“ за противници ги добија актуелниот европски првак Кјелце, Рајн Некар Левен, Пик Сегед, Кристијанштад, ППД Загреб, Мешков Брест и Целје.

Вардар ја почнува новата сезона на гости кај Кристијанштад во периодот од 21 до 25 септември.

Најдобриот од групата се пласира директно во четвртфинале, а оние екипи од второ до шесто место ќе играат во осминафиналето.

Металург за противници ги доби Ла Риоха, Чеховски Медведи, Монпелје, Елверум и квалификант од групата 1.

Група Б
Рајн Некар
Кјелце
Вардар
Загреб
Мешков Брест
Пик Сегед
Целје
Кристијанштад

Група Ц
Ла Риоха
Металург
Чеховски Медведи
Монпелје
Елверум
Квалификант од група 1 (Горење, Татран, Ред Бојс или Кокс)

01-јул-2016 17:14