background image

Металург пак ќе игра во ЛШ

Македонскиот ракометен вицешампион Металург повторно ќе биде дел од Лигата на шампиони, откако доби вајлд карта од ЕХФ.



Металург ќе биде дел од групите Ц и Д каде ќе играат уште Бешикташ (Турција), Динамо Букурешт (Романија), Мотор (Украина), Чеховски медведи (Русија), Елверум (Норвешка), Холтесбро (Данска), Нант (Франција), Монпелје (Франција) и Ла Риоха (Шпанија).

Воедно, во овие групи ќе влезат уште две екипи кои своето место во ЛШ ќе обезбедат преку квалификации. Сега пред тимот од Автокоманда останува да состави тим кој достојно ќе се претстави на европска сцена.

Како што е познато шампионот Вардар ќе биде дел од елитните групи А и Б.

24-јун-2016 12:30