background image

На стартот против Тунис

Македонската ракометна репрезентација ќе го отвори СП во Франција против селекцијата на Тунис.



Македонија ќе игра во групата Б во Мец, а составот на Лино Червар на 12 јануари ќе ги одмери силите со Тунис, селекцијата која е голем должник на „црнено-жолтите“ од олимпискиот квалификациски турнир во Гдањск. Натпреварот ќе се игра во терминот од 17 часот и 45 минути.
 
На 14 јануари, противник ќе ни биде аутсајдерот во групата Ангола (20.45 часот), додека два дена подоцна (16 јануари) следи пресметката против Словенија (17.45 часот).
 
Во последните две кола 18 и 19 јануари следуваат дуелите со фаворитите Шпанија (20.45 часот) и Исланд (17.45 часот).
 
Место во главната фаза ќе обезбедат првопласираните четири селекции, додека петто и шесто рангираните репрезентации ќе играат за пласман на „Президент купот’’. 
 
Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2017.година во Франција.

24-јун-2016 11:32