background image

Македонија во третиот шешир

Ракометната репрезентација на Македонија се најде во третиот шешир за ждрепката на групите за Светското првенство.



Ждрепката ќе се одржи во четврток во Париз, а Македонија е дел од третиот шешир заедно со Белорусија, Шведска и Русија, репрезентации со кои нема да играме во групната фаза.

„Црвено-жолтите“ станаа редовни учесници на големите натпреварувања и ова е нивно шесто во низа. На ждрепката во Париз ќе бидат извлечени четири групи од по шест репрезентации, а најдобрите четири од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Светското ракометно првенство ќе се одржи во Франција од 11 до 29 јануари 2017 година.


ШЕШИР 1: Франција, Германија, Катар, Шпанија.

ШЕШИР 2: Хрватска, Словенија, Данска, Полска.

ШЕШИР 3: Шведска, Русија, Белорусија, Македонија.

ШЕШИР 4: Унгарија, Исланд, Египет, Пан Америка 1.

ШЕШИР 5: Тунис, Бахреин, Јапонија, Пан Америка 2.

ШЕШИР 6: Ангола, Саудиска Арабија, Пан Америка 3, вајлд-карта.

18-јун-2016 11:01