background image

Червар: Добар ден Франција!

Лино Червар имаше успешно деби на клупата на македонската ракометна репрезентација.


Фото: macedoniahandball.com.mk

Нашите ракометари успеаја да надокнадат -6 од Злин и да стигнат до величествен триумф кој ги одведе на шесто големо натпреварување во низа.

„Сите честитки одат на адреса на играчите. Ова е голема победа и сите заслуги им припаѓаат на нив. Паметам една изјава на Наумче кој рече за Миркуловски: „Растевме заедно“, апсолутно се слагам. Тие ни понудија големи задоволства како на мене така и на сите. Ова беше спектакл, огромна промоција и покажавме дека играме добар ракомет и дека сме спорт кој трае. Голема благодарност за публиката. Сум водел многу репрезентации, многу клубови, но првото полувреме беше страшно како одигравме, гледав крвав нос, расцепена уста, имавме исто толку повреди. Момците покажаа јуначко срце. Ова беше доживување, еден од најдобрите дуели кои сум гу водел. Добар ден Франција!“, изјави Червар.

16-јун-2016 10:32