background image

Македонија на светско!

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на наредното светско првенство.



Нашите ракометари вечерва одиграа извонредно, успевајќи да ја совладаат селекцијата на Чешка во возвратниот меч од баражот со 34:27. Со овој резултат беше анулирана предноста на Чесите од шест гола, остварени на првиот натпревар во Злин.

Најефикасен во нашиот тим беше Дејан Манасков со 11 гола, но мора да истакне и одличната игра на неговите соиграчи, како и добрата поставеност во одбраната.

Оваа средба воедно беше последна за нашите ракометни легенди Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, кои решија токму на овој меч да се простат од настапите во националниот дрес.

Македонија повторно ќе се најде на завршницата од ракометниот мундијал, кој ќе се игра во Франција наредната година.

15-јун-2016 21:45