background image

Чесите убедливи во првиот меч

Македонската ракометна репрезентација доживеаа многу незгоден пораз од 28:22 во првиот баражен дуел со Чешка, во квалификациите за светското првенство.



Иако пред почетокот на оваа средба македонските ракометари беа посочувани како фаворити, сепак Чесите прикажаа извонредно конципирана игра на денешниот меч во Злин и покажаа дека се противник за целосен респект.

Мора да се потенцира дека слабо функционираше нашата одбрана, а за релативно малиот број на голови постигнати во нападот вина има противничкиот голман Мартин Галија, кој имаше фантастични 17 одбрани.

Останува реваншот во Скопје и нови 60 минути, во кои нашите репрезентативци едноставно ќе мораат да одиграат многу поорганизирано доколку сакаат да се пласираат на светското првенство.
 

11-јун-2016 14:27