background image

Херојска победа на Кјелце

Тимот на Кјелце е новиот шампион на Европа, откако ракометарите на оваа екипа триумфираа на Ф4 турнирот во Келн.



Полскиот тим во возбудлив и неворојатно интересен меч го совлада Веспрем на пенали, откако резултатот беше нерешен во регуларниот дел 29:29, но и во продолженијата(35:35).

Денеска бевме сведоци на финале кое уште долго време ќе се прераскажува, а главните актери на мечот веројатно ќе го сметаат за најсреќен или најтажен момент во кариерата. На десет минути пред крајот на мечот Веспрем имаше убедливо водство од девет гола разлика, во дуелот со Кјелце. Но, дојде до големо опуштање во играта на унгарската екипа, што беше искористено од полските ракометари кои со серија од 9:0 го израмнија резултатот, а катастрофата Веспрем ја избегна само поради тоа што противниците промашија два пенали во финишот. Израмнето беше и во дополнителните десет минути, па новиот европски првак беше решен во пенал серијата. Таму посреќни беа ракометарите на Кјелце, успевајќи да ја освојат првата титула во клупската историја.

Во борбата за третата позиција тимот на ПСЖ го совлада Кил со 29:27.

29-мај-2016 20:28