background image

Вардарци ја обезбедија титулата

Екипата на Вардар согласно сите прогнози и предвидувања ја одбрани титулата во македонското ракометно првенство.



На две кола пред крајот од шампионатот, Вардарци повторно прославија триумф во дуелите со тимот на Металург овој пат со 24:21. Остварена е недостижна предност на табелата од шест бода, која на „црвено-црните“ им ја носи десеттата титула во клупските витрини.

Иако овој дуел со Металург некогаш претставуваше големо дерби на македонскиот ракомет, сезонава разликата во квалитет меѓу двата тима е огромна за да може да се говори за некакво ривалство.

Сепак, денешниот дуел одигран во салата во Автокоманда, беше интересен за публиката, потсетувајќи ја за момент на некогашните пресметки одиграни помеѓу овие клубови. Алекс Душебаев со шест и Игор Карачиќ со пет подогоци беа најзаслужните за вардаровата победа, додека во редовите на Металург се истакна Филип Талевски со девет гола.

25-мај-2016 20:30