background image

Червар ќе ја предводи Македонија

Лино Червар едногласно е избран за нов селектор на македонската ракометна репрезентација.



Комисијата за избор на селектор назначена од Управниот одбор на РФМ во состав Гино Стрезовски, Славче Атанасовски и Милчо Чакарески едногласно го предложи хрватскиот стратег Лино Червар за нов селектор на машката сениорска репрезентација, а членовите на УО го прифатија предлогот.

Освен Червар за селекторската функција конкурираа и Владимир Глигоров, Швеѓанецот Роберт Хедин, Србинот Александар Брковиќ и Шпанецот Жорди Луелјес.

Асистент на Червар ќе му биде Илија Темелковски.

Примарна цел за Лино е пласман на СП 2017 во Франција со што би се одржал континуитетот од настапи на големи натпреварувања. Во јуни машката репрезентација ја очекуваат бараж дуелите со Чешка.

Инаку управниот одбор на РФМ го прифати предлогот на РК Вардар, Пепи Манасков да биде селектор на кадетската репрезентација на Македонија.

17-мај-2016 16:56